Кин и Бруно ги закопале „воените секири“: Му се јавив и имавме убав разговор

Дерби

10/06/2026

14:30

182

Големина на фонт

а а а

Рој Кин влезе во вербална расправија со Бруно Фернандеш на крајот на сезоната и го обвини дека брка лични рекорди, наместо да се грижи за тимскиот успех на Манчестер Јунајтед, јасно алудирајќи на потерата која ја имаше Португалецот по бројот на запишани асистенции во Премиер лигата.

Бруно постави нов рекорд и стигна до 21-на асистенција во една натпреварувачка сезона, но иако стануваше збор за историски потфат, легендарниот Рој Кин не остана импресиониран и обвини дека цел тим играл за капитенот да дојде до таков учинок.

Ваквите ставови на славниот Ирец не останаа неискоментирани од Фернандеш и Бруно ги нарече неговите тврдења како неточни, а бидејќи го спомена и терминот „лажго“ при давањето изјава, ситуацијата малку излезе од контрола.

Поради непосакуваниот расплет на настаните, Фернандеш самиот инсистирал да стапи во контакт со Кин и успеал да има добар разговор со некогашниот капитен, кој сега во емисијата на „Скај Бет“ откри како се одвивала конверзацијата.

– Имаше реакција од страна на Бруно за тоа што го кажавме на подкастот пред неколку недели, пред се поради тоа што јас го кажав за Бруно Фернандеш. Тој ми се јави, побара да поразговаравме и го прифатив тоа. Потоа јас му се јавив и имавме прекрасен разговор.

– Разговаравме за се по малку. Се интересираше како правиме и кога ги снимаме подкасти после натпреварите. Понекогаш нашите изјави не се толкуваат како што треба, па затоа имавме убав и зрел разговор. Сакаше да разговара со мене и имавме одлична комуникација. Сакам да поставам граници со играчите и навистина не би сакал често да разговарам со нив.

– Сепак, одвреме-навреме, некој играч може да ми се јави и мислам дека беше навистина добро што имав разговор со Бруно. Имаше доста гласини за нас, а станува збор за голем играч на Јунајтед. Ми се допадна неговата идеја за комуникација, за водење на вистински разговор. Јас уживав во разговорот, се надевам дека истото важи и за него, – изјави Кин.