[ВИДЕО] Федерер за спектаклот кој го најави Ју-Ес Опен во Њујорк: Едвај чекам да излезам на теренот

Дерби

10/06/2026

07:24

494

Големина на фонт

а а а

Ју-Ес Опен вчера официјално најави дека Рожер Федерер се враќа во Њујорк за да одигра меч под големата сцена, и тоа во импресивна егзибиција од која дел ќе бидат и Енди Родик, Андре Агаси и Џон Мекинро.

Федерер ќе влезе во тениската Куќа на славни во САД на 29-ти август оваа година, но четири дена претходно ќе го одигра својот последен меч на „Артур Еш“.

Седум години по последниот официјалниот настап на Ју-Ес Опен, Федерер повторно ќе заигра пред фановите на Флешинг Медоус, па и тој не го крие возбудувањето што ќе се сретне одново со возбудливата американска публика.

– Многу е возбудливо да се вратиш на „Артур Еш“, место на кое доживеав низа неверојатни моменти. Посебно специјално ќе биде да се видат фановите во Њујорк одново.

– Да се заврзат врвците за последен пат и да се одигра малку тенис на теренот ќе биде нешто во кое ќе уживам и затоа едвај го чекам моментот, – изјави Федерер.