Мбапе здогледа слепо момче меѓу фановите и покажа класа со реакцијата

Дерби

10/06/2026

15:54

306

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе најголема ѕвезда во француската репрезентација и како капитен на тимот ќе понесе најголема одговорност на Светското првенство, притисок со кој напаѓачот се носи веќе неколку години.

Досегашниот учинок на Мбапе се две финалиња на двете одиграни Светски првенства, па како ѕвезда која сака да биде дел од трето финале во низа, нормално е да се наоѓа во ситуации кога сите камери и погледи се вперени кон него.

Лошата сезона во Реал Мадрид сигурно ќе му биде дополнителна мотивација да оставри успех со Франција, а во период кога се уште ја темпира формата, Килијан привлече внимание со реакцијата на еден од последните тренинзи.

По крајот на обврските, Мбапе пронашол малку време за да им ги исполни желбите на фановите, но посебно воодушевил со реакцијата која ја имал со малиот Имран.

Десетгодишниот фан на Франција го загубил видот на 5 години поради ретка болест, а поради тоа што е познат и како голем фан на Мбапе, сега доби посебно внимание од ѕвездата.

Родителите му се заблагодарија на Килијан за убавиот гест, па видеото сосема очекувано стана вирален хит.