Унгарија го заокружи овој јунски ФИФА прозорец со втора победа во период од неколку дена, а онаа вчера ја оставри над Казахстан на домашен терен.
Унгарците нема да бидат дел од Светското првенство кое следи, но селекторот Роси извади најдобар можен состав против Казахстанците и неговите избраници славеа со 3:1.
Собослаи како најголема ѕвезда во домашниот тим го постигна првиот гол за Унгарија и израмни на 1:1, но потегот на средбата го изведе Андрас Шефер.
Играчот за врска на Унион Берлин доби ексклузивно право да бие од далечина пред својот капитен Собослаи, но многу брзо стави до знаење дека и тој поседува разорен удар.
Иако сите очекуваа „бомба“ од слободен удар на Собослаи, играчот на Ливерпул во дадената ситуација само додаде до Шефер, кој потоа испрати неодбранлив „проектил“ во мрежата на гостите.







