[ВИДЕО] Африканска репрезентација минувала низ вистински терор: Им ги проверувале дури и стапалата

Точка

09/06/2026

17:01

307

Големина на фонт

а а а

Огорчените навивачи и љубителите на фудбалот ширум светот не можеа да поверуваат во сцените што ги гледаа.

Само два дена пред почетокот на Светското првенство, репрезентацијата на Сенегал пристигна во Сан Антонио. Една од најсилните африкански селекции доби исклучително тешка група, во која ќе се соочи со Франција, Норвешка и Ирак.

„ФИФА“ засега молчи

Но, како самата група да не беше доволно тешка, сенегалската репрезентација доживеа вистинска тортура уште при пристигнувањето на аеродромот.

На снимката што се шири низ социјалните мрежи може да се види необично детална контрола на сенегалските фудбалери, при која биле прегледувани буквално од глава до пети, а според видеото, службениците ги проверувале дури и нивните стапала.

Секако, реакциите на јавноста беа бурни. Огромен број навивачи и фудбалски фанови изразија неверување и револт поради начинот на кој биле третирани репрезентативците.

„Како да се криминалци“, е еден од коментарите што најчесто се повторуваше на социјалните мрежи.

Во меѓувреме, навивачите упатија критики и кон „ФИФА“, која засега не се огласува во врска со овие сцени и постапките што многумина ги опишуваат како понижувачки третман кон професионални спортисти.

Според реакциите во јавноста, ваков вид контроли ретко се паметат во историјата на меѓународниот фудбал, а многумина сметаат дека станува збор за преседан кој отвора сериозни прашања за односот кон репрезентативците на големите натпреварувања.