Меси имаше уникатна средба со син на свој поранешен соиграч на теренот: Се сеќаваш ли на мене?

Дерби

10/06/2026

11:23

338

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси се уште прави разлика на највисоко фудбалско ниво и тоа го покажа рано утрово во Алабама, стадион на кој капитенот на Аргентина постигна гол и ја започна акцијата по која „гаучосите“ ги поставија конечните 3:0 против Исланд.

На Меси доволни му беа само 20 минути за да дојде до израз и да ја разбие одбраната на Исланѓаните, па иако главна вест е тоа што целосно ја санираше повредата пред стартот на Светското првенство, огромно внимание привлече и една сцена по крајот на мечот.

Играчот со број 22 му пријде на Меси и учтиво се поздрави со фудаблската легенда, но притоа го прегрна во неколку наврати и му откри дека во минатото веќе се имал ракувано со него.

Стануваше збор за Даниел Гудјонсен, синот на легендарниот Ејдур кој во минатото беше и соиграч на Меси во Барселона.

– Кога ми пријде момчето, ме праша дали се сеќавам на него……. Вистина е дека останав изненаден. Ми кажа дека е син на Гудјонсен. Се сеќавам дека го имав видено со неговиот татко на некој од тренинзите, но тогаш беше многу мал и сега не можев да го препознаам, – откри Меси.