Дембеле ги издвои фаворитите за пехарот на СП

Дерби

08/06/2026

16:00

285

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Пари Сен Жермен и вооедно француски репрезентативец, Усман Дембеле ги издвои фаворитите за пехарот на престојното Светско првенство.

Мундијалот во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули и тоа во 16 градови. Франција дефинитивно е во првиот ред за пехарот, но според Дембеле има уште неколку репрезентации кои можат да стигнат до самиот крај на турнирот.

- Има многу фаворити, знаеме дека Аргентина е актуелен шампион на Светското првенство, па очигледно е дека тие се еден од фаворитите на ова натпреварување.

- Така е и со Шпанија, која го освои Европското првенство во 2024 година. Англија, Португалија, Германија. Исто така, има многу комплицирани тимови како Бразил, Еквадор, Португалија. Тоа е тежок тим. Постојат фаворити, но кога ќе започнат натпреварите е 11 против 11, нема повеќе фаворити. Ќе морам да останам фокусиран, - порача играчот кој ја освои најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот „Златната топка“.