Арсенал по добро ќе ја памети сезоната 2025/2026, години во која по повеќе од две децении ја освои Премиер лигата, а играше и во две финалиња-Лигата на шампионите и Лига Купот.
Овој Арсенал потврди дека има квалитет, знаење за големи работи, но и покрај споменатите резултати се очекуваат одредени промени на „Емирејтс“ во летниот преоден рок.
Се најавуваат неколку освежувања, ќе има и заминувања, а според Пол Мерсон едно од нив може да биде и она на капитенот Мартин Одегард.
- Лудо е мене ова што го кажувам, ама веројатно размислуваат за тоа (продажба на Одегард). Но, јас сепак мислам дека ќе има тимови што ќе чекаат ред за него… Кога играш на позицијата на која игра Одегард, се бара брзина во нападот. Мора да имаш брзина, - порачува Мерсон.
Сличен став имаат Стив Никол и Франк Лебеф кои веруваат дека приказната на Мартин со Арсенал се ближи кон самиот крај.







