Ѓоковиќ паѓа на АТП листата, Зверев поблиску до Алкарас

Дерби

08/06/2026

14:31

123

Големина на фонт

а а а

Вчера беше заокружен вториот грен слем за оваа календарска година и тоа со триумф на Александер Зверев на Ролан Гарос.

Зверев конечно дојде до триумф на најважните четири турнири, титула на грен слемовите со што го разби проклетството и останува да видиме дали ова ќе му донесе дополнителна самодоверба и ќе може да нападне, освои нов пехар од ова ниво во наредниов период.

Ова славје и понатаму го остава Германецот на третото место на најновата листа со тоа што ја намали негативата, минусот во однос на второпласираниот Карлос Алкарас кој воопшто не настапи во Париз. Јаник Синер останува убедливо прв со 13500 бодови, а најголем пад кога е во прашање првата десетка доживеа Новак Ѓоковиќ.

Раната елиминација го „лизна“ за три места и сега е седми на светот, пред него сега се уште Феликс Оже-Алијасим, Бен Шелтон и Алекс Де Минор, а заед него (во првата десетка) Данил Медведев со подеднаков број на бодови, Тејлор Фриц и финалистот од РГ, Флавио Коболи.