Капело го откри својот фаворит за СП и моментот кој сè уште го прогонува: Го променивме фудбалот…

Дерби

08/06/2026

13:43

290

Големина на фонт

а а а

За неколку дена ќе го имаме официјалниот старт на Светското првенство во фудбал, настан кој ќе се одржи во три земји и ќе трае повеќе од еден месец или поточно од 11 јуни до 19 јули.

Тешко е да се каже кој е фаворит за титулата со оглед на изедначеноста на националните тимови, поточно можеби може да се говори за група од неколку селекции кои се во прв план да го подигнат трофејот.

Италија не е учесник и на ова СП, па легендарниот Фабио Капело мораше да избере друг тим на кого ќе му даде поддршка во наредниов период.

- Навивам за Бразил на Карло Анчелоти: тој е неверојатен карактер, брзо се интегрира во секоја средина, а во Бразил не е толку едноставно. Фаворити се или Франција или Шпанија, бидејќи мислам дека тие имаат најголем квалитет и играчи кои можат да направат разлика во секое време. Ќе биде многу тешко, со жешко време, па затоа квалитетот ќе биде многу важен, - вели Капело кој се уште не може да го заборави моментот од СП 2010 година кога како селектор на Англија остана шокиран со одлуката да не му биде признаен чист гол на Лампард на соочувањето со Германија.

- Сè уште не можам да го сфатам тоа. Го променивме фудбалот. Гол технологијата потоа беше создадена. Ќе се вратевме од два гола негатива, а се подобрувавме. Не знаеме каде можевме да завршиме, а јас сè уште не можам да го преболам тоа.

- Љубопитен сум за Англија и Германија на ова Светско првенство. Ќе биде интересно да се види дали Англија сè уште има физичка и ментална енергија за Светското првенство. Ако ја има, може да биде многу, многу опасна, - порача дон Фабио.