Зверев освои прва грен слем титула, па во живо го понижи својот редовен критичар: Што правиш ти тука?

Дерби

08/06/2026

13:41

226

Големина на фонт

а а а

Александер Зверев конечно ја урна „клетвата“ и стана грен слем шампион на 29-годишна возраст, и тоа после тешко финале на Ролан Гарос кое траеше повеќе од четири часа.

Германскиот тенисер најде решение за упорниот Коболи и на крајот славеше со 3:2 во сетови, па сосема очекувано, овој успех симна голем товар од грбот на Саша кој претходно губеше три грен слем финалиња.

Дел од експертите со години потенцираа дека Зверев нема менталитет да прерасне во грен слем шампион, но откако Саша го доби посакуваниот трофеј во своите раце, доби шанса да се подбива и со еден од своите дежурни критичари.

Зверев ја искористи можност да го понижи Сем Квери во вклучувањето во живо на „ТНТ Спортс“, при што му порача на Американецот дека ужива да го трола во ситуација кога го има трофејот во своите раце.

– Сем кој? Зошто си воопшто на овој канал, зошто си ти тука? Имате големи шампиони, а потоа го имате Сем Квери….

– Прво и основно, многу сум среќен што го држам ова во моите раце, бидејќи ти рече дека никогаш нема да го имам тоа искуство. Многу ти благодарам за поддршката која ми ја даваше. За луѓето кои не знаат, ние имаме врска исполнета со љубов и омраза, па сега уживам да ти создавам тешкотии, – изјави Зверев.