[ФОТО] Аделина Тахири ужива во Египет: Русокосата убавица го покажа бујното деколте и извајаните стомачни мускули во бикини

Точка

05/06/2026

15:16

1.138

Големина на фонт

а а а

Аделина Тахири деновиве ужива во сончевите убавини на Египет, каде престојува во луксузен ресорт во Хургада. По период исполнет со семејни прослави и драгоцени моменти со најблиските, пејачката одвои време за заслужен одмор и релаксација покрај морето.

Во изминатите недели таа имаше повеќе причини за славење. Најпрво го одбележа својот 35-ти роденден, а потоа семејството го прослави и седмиот роденден на нејзиниот син Јон. По бројните семејни собири, забави и дружби со роднините и пријателите, Аделина реши да се посвети на одмор во египетскиот туристички рај.


На фотографиите што ги сподели на социјалните мрежи, пејачката позира во едноставно монохроматско бикини, истакнувајќи ја својата одлична фигура и извајаните стомачни мускули. Со впечатлив шешир и во амбиент опкружен со палми и песочни плажи, таа испрати вистинска летна атмосфера од брегот на Црвеното Море.


Русокосата убавица уште еднаш покажа дека знае како да ужива во животот, без разлика дали станува збор за музиката, патувањата, модата или времето поминато со семејството. Аделина и нејзиниот сопруг Серјожа Марков веќе речиси девет години се во брак, а таа често со своите следбеници споделува моменти од семејниот живот и патувањата, кои претставуваат една од нејзините најголеми страсти.