[ФОТО] Прва фотографија: Новиот Audi Q7!

Точка

03/06/2026

06:52

607

Големина на фонт

а а а

"Audi" официјално потврди дека третата генерација на моделот Q7 практично е подготвена и пристигнува рамо до рамо со новиот предводник на брендот – моделот Q9.

Паралелно со оваа најава, интернетот веќе беше преплавен со првите протечени фотографии кои целосно го откриваат изгледот на новиот SUV модел.

Овој автомобил пристигнува на пазарот точно 21 година по лансирањето на оригиналната прва генерација и дури 11 години по актуелниот модел, кој успеа да опстане на пазарот неверојатно долго според денешните стандарди во премиум сегментот.

"Audi" со најавата ја објави и првата официјална фотографија фокусирана на предната врата. Иако тој детал не открива премногу – можат да се забележат класичните рачки на вратите, редизајнираните ретровизори, хромираните рамки на прозорците, ознаката „S Line“ и препознатливата остра странична линија карактеристична за „VW Group“ – единствената вистинска новина е новата сина нијанса наречена „Alopias Blue Metallic“.

Сепак, официјалните најави и протекувањето на информации речиси паднаа во втор план бидејќи ловците на автомобилски новитети уште претходно успеаја да фотографираат прототипи со минимална камуфлажа.

Шпионските фотографии од екстериерот откриваат агресивни, дводелни LED светла, масивна осумаголна предна маска и значително понагласени и помоќни линии на задниот дел од возилото. Забележана е и спортската верзија SQ7, која традиционално се издвојува со поагресивен аеродинамичен пакет и значително поголеми тркала.

Најважната техничка промена се крие под каросеријата. Новиот Q7 конечно ја напушта платформата MLB и преминува на значително помодерната архитектура PPC (Premium Platform Combustion), која веќе се користи кај новиот Audi A6.

Оваа платформа носи сериозни подобрувања во поглед на удобноста, рафинираноста и возните карактеристики, а е конструирана да поддржува класични бензински и дизел мотори со благ хибриден систем, како и напредни plug-in hybrid погонски решенија.

Глобалната премиера официјално е закажана за самиот почеток на втората половина од годинава, што значи дека целосните спецификации можат да се очекуваат во секој момент.

За купувачите кои бараат уште повеќе луксуз и простор, Audi го подготвува веќе најавениот Q9, кој директно ќе им конкурира на моделите „BMW“ X7 и „Mercedes-Benz“ GLS.