Тотенхем едвај избори опстанок во првенството кое беше освоено од Арсенал, но неговите фанови и фудбалери не пропуштија да му фатат сеир на големиот ривал по вчерашниот пораз во финалето на Лигата на шампионите.
Однапред беше јасно дека тој дел на Северен Лондон ќе навива за ПСЖ, а по конечниот епилог и триумфот на францускиот состав, двајца фудбалери на Тотенхем го изразија своето задоволство преку социјалните мрежи.
Ришарлисон објави популарно меме со дете кое се смее заразно, додека Џед Спенс реши да се одмазди за еден твит, односно видео на Арсенал на социјалните мрежи.
— Djed Spence (@DjedSpence) May 30, 2026
Спенс се наврати на објавеното видео од негов дуел со Москера, кој Арсенал го објавил со коментар „заклучено“, алудирајќи на својата добра одбрана. Сега, фудбалерот на Тотенхем стави само отклучен катанец, алудирајќи на „отклучената“ одбрана на „топчиите“.













