Арсенал го загуби финалето во Лигата на шампионите на пенали, а Еберечи Езе беше првиот од двајцата „топчии“ кои не го погодија ни голот на Матвеј Сафонов.
Езе прв промаши во пенал серијата и тоа откако реши да го изведе пеналот на специфичен начин, користејќи ја техниката со која фудбалерите подзастануваат пред да шутнат, а тоа му донесе и отворени критики од Стивен Џерард и Овен Харгривс.
Поранешните англиски репрезентативци го коментирале натпреварот за „Ти-Ен-Ти Спортс“, а Џерард потенцирал дека Езе самиот си ја искомплицирал работата.
– Пеналите и онака се многу тешки. Замислете го притисокот, заморот, стадионот, атмосферата, доволно е тешко и без вакви глупости. Шутни силно и користи ја својата техника, – рекол Џерард.
– Никогаш не сум бил фан на овој начин на изведување пенали. Фудбалерот треба да ја избере страната и да шутира колку што може попрецизно. Во моментите кога забавуваш, ако голманот не се помрдне, тоа може да те деконцентрира, – рекол Харгривс.







