Заминувањето на Антонио Конте од Наполи очигледно е добра вест за дел од фудбалерите кои не биле најзадоволни од стилот на игра и фудбалската филозофија на досегашниот тренер.
Наполи не успеа да ја одбрани титулата, но сепак го освои респектабилното второ место во Серија А, а Кевин де Брујне вели дека е среќен што ќе има нов тренер.
– За мене беше многу тешко бидејќи Конте има многу поинаква визија за фудбалот.
– Реално, никогаш не добив шанса да играм на мојата природна позиција, иако секогаш давав максимум за тимот.
– Игравме многу дефанзивно, се обидувавме да ги добиеме натпреварите со еден гол разлика со формација 4-5-1, а на почетокот на сезоната бевме уште подефанзивни.
– Немам ништо против неговата одлука за заминување, бидејќи не беа исполнети ветувањата од летоска за начинот на кој ќе играме. Фудбалот треба да биде забавен, а ние не понудивме такво нешто, нема поента да глумиме, имавме различни визии за фудбалот со Конте, – рекол Белгиецот, кој засега не потврдува дека ќе остане во италијанскиот клуб.
– Имам уште една година од договорот, но претходно сакам да разговарам со менаџментот. Пред се поради фактот што претходното лето зборувавме многу за тоа како ќе играме, а ништо од тоа не се реализираше, – потенцирал искусниот плејмејкер.







