Трагичарот Габриел ја испрати првата порака по болниот пораз на Арсенал во ЛШ

Дерби

31/05/2026

15:27

578

Големина на фонт

а а а

Арсенал не успеа на идеален начин да ја затвори, круниса оваа сезона и доживеа болен пораз од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите.

Англискиот првак постигна гол во раната фаза од мечот и потоа се обиде на свој начин со цврстина, заеднишство, дефанзивна компактност да ја одбрани преднота, меѓутоа не успеа во тоа прими гол во вториот дел (1-1) и потоа скоро и да не создаде ниту една шанса за победа.


На крајот се дојде до удари од 11 метри во кои „топчиите“ не реализираа два пенали од кои оној клучниот беше на дефанзивецот Габриел кој ја промаши рамката од голот.

Ова не е лесен момент, тој веднаш доби поддршка од сонародникот Маркињос, соиграчите, а денеска собра сили и се огласи на социјалните мрежи.


-Болно е, но горд сум на овој тим и на сè што постигнавме заедно оваа сезона. Благодарност до нашите неверојатни фанови за поддршката на секој чекор од патот. Заслужувате да го прославите ова патување со нас и да уживате во денешната парада! Се гледаме следната сезона, -порача Бразилецот.