Мерсон за отказот за Слот: Чудна одлука на Ливерпул

Дерби

31/05/2026

12:54

296

Големина на фонт

а а а

Арне Слот доби отказ од Ливерпул и по две години го напушта тимот од „Енфилд“, со кого ја освои Премиер лигата уште во дебитантската сезона.

Резултатите на „црвените“ сезонава не беа на посакуваното ниво, Слот влезе и во индиректен конфликт со Мохамед Салах, а раководството на крајот реши дека ќе бара нов менаџер.

Легендарниот Пол Мерсон смета дека одлуката е чудна и неочекувана.

– Шокиран сум, посебно што Чаби Алонсо го презема Челси, а тоа ме наведе на заклучок дека Ливерпул решил да му даде на Слот барем уште шест месеци.

– Сега тој доби отказ и тоа ми е навистина чудна одлука. Мислам дека требаше да добие барем уште една сезона поради тоа што успеа да го направи во првата, реално ретки се тимовите кои успеале да ја одбранат титулата.

– Истовремено, јас сум голем фан на Ираола, но друго е да бидеш менаџер на Борнмут каде поразот не ти прави проблем. Во Ливерпул е победа, победа и победа, ќе мора да се навикне на тоа и ако успее да го пренесе тоа што го правеше со Борнмут, фановите сигурно ќе бидат задоволни, – рекол Мерсон.