Новак Ѓоковиќ го заврши своето патување во третата рунда на Ролан Гарос, и тоа после меч во кој имаше предност од 2:0 над младиот Жоао Фонсека.
За првпат од 2010-та година и само вторпат во својата кариера, Ноле испушти предност од два сета на еден грен слем турнир, а овој резултат е само уште еден доказ дека Ѓоковиќ не може да се носи на долги стази како што некогаш го правеше тоа во најдобрите денови.
Годините си го прават своето и за тоа е свесен и самиот Србин, кој дури и во ваков распоред на силите, не планира да им подари ништо на тенисерите од новата генерација.
– Кој и да игра на грен слем турнирите со мене, ќе мора да се испоти за да ме добие, сигурно нема лесно да добие меч. На тоа секогаш можам да останам горд.
– Таа витешка борба и упорност, тој дух на волк кој го носам во себе секогаш ќе биде присутен, дури и да играм со една нога. Нема да му подарам ништо на никого. Ако некој ме победи, треба да ме победи како што тоа го направи Фонсека. Да даде се од себе и да се избори со крајни сили. Кога ќе го направи тоа, на секој ќе му подадам рака и ќе му кажам „секоја чест“, – изјави Новак.







