Леао најави заминување од Милан: Сакам нов предизвик

Дерби

31/05/2026

13:40

328

Големина на фонт

а а а

Рафаел Леао многу пати досега го потврдил својот талент и голем потенцијал, но често е мета на критики поради своите неубедливи настапи во дресот на Милан.

Португалецот и досега беше поврзуван со трансфер во друг шампионат, но се чини дека летово е најблиску до таков потег со оглед на изјавата дадена во својата татковина.

– Мислам дека му дадов на Милан се што можев, му благодарам на клубот што ми овозможи да се надградувам како фудбалер и ми помогна во најтешките моменти.

– Среќен сум што се запишав во клупската историја на „росонерите“, но сега сум подготвен за нов предизвик во друг шампионат.

– Ако се оствари такво нешто ќе бидам многу среќен, бидејќи тоа ќе биде потврда дека добро сум ја завршил работата во Милан. Сега не е време да се зборува за следната дестинација, бидејќи сум фокусиран на националниот тим и светското првенство, – изјавил Леао.