Милан игра многу лошо во завршницата на оваа сезона и многу лесно може да се случи да остане без пласман во Лигата на шампионите.
„Росонерите“ на последните шест натпревари во Калчото имаат забележано само една победа и тоа против отпишаната Верона, период во кој екипата загуби четири меча од кои последниот беше против Аталанта на „Сан Сиро“ со 3-2.
Тренерот Масимилијано Алегри не може да биде задоволен од играта, резултатите, меѓутоа излезе позитивна работа, а тоа што екипата конечно даде голови, први во Милано од 21 март кога беше добиен Торино со 3-2.
- Нема смисла да се зборува за тоа што се случило досега, бидејќи не можеме да го промениме тоа. Сè што можеме да направиме е да работиме добро во текот на следната недела и да бидеме подготвени за натпреварот против Џенова, кој ќе биде одлучувачки за нашиот пласман во Лигата на шампионите.
- Вечерва почнавме прилично добро 10 минути, потоа го примивме тој гол во првата шанса, по што се распаднавме. Во второто полувреме, откако губевме со 3-0, имаше силна реакција. Барем се вративме на постигнување голови, разбирам дека можеби звучи чудно да се каже, но тоа е добар знак.
- Природно е што никој не очекуваше толку тежок момент. Мислев дека ќе има пад во текот на целата сезона, но во моментов едноставно мора да се фокусираме на следниот натпревар со Џенова, екипа која често има добри резултати на домашен терен. Ни треба ентузијазам и глад за да ја добиеме оваа победа, - истакна Алегри кој за следниот меч нема да може да смета на Леао, Салемакерс, Еступињан поради повреди, а има и некои играчи кои се повредени.
- Кога нема резултати, јас сум првата личност која е одговорна, бидејќи јас сум тренер. Овие момци секогаш давале сè од себе, не смееме да бараме вина во моментов, туку да се фокусираме на тоа како постигнавме многу победи оваа сезона и треба да оствариме уште две.
- Постојано повторував дека местото во Лигата на шампионите не е обезбедено, и покрај тоа што сите други тврдеа, бидејќи знаев дека сè уште немаме пад. Падот пристигна, сега треба да довршиме, - заклучи искусниот стручњак.










