Артета за клучниот момент на лондонското дерби: Потребна е многу храброст…

Дерби

11/05/2026

15:59

133

Големина на фонт

а а а

Арсенал успеа да го совлада Вест Хем (1-0) во мечот во кој донесе голема борба, драма која кулминираше на крај со поништен погодок за домаќините во судиското продолжение.

Погодокот прво беше признаен, ВАР се вклучи во акција и одлучи да го повика главниот судија Крис Кавана да ја погледне спорната ситуација за да на крајот и тој пресече дека постоел прекршок врз голманот Давид Раја пред Калум Вилсон да ја спроведе топката во мрежата.

Дискусии ќе има со оглед на тоа какви одлучи се носат на островот кога се во прашање овие ситуации, но според менаџерот на „топчиите“ Микел Артета на крајот судиите биле храбри и досудиле онака како што треба според правилата.

- Кога морав да бидам критичен, бев. Денес морам да им честитам [на ВАР]. Потребна е многу храброст и смелост за да се истакнете и да му дадете можност на судијата да ја погледне акцијата. Кога ќе ја видите сликата, нема сомнеж дека е чист фаул. Тие беа многу храбри. Акцијата го заслужи тоа. Според мене, тоа е многу јасно. Тие се правилата и ние бараме конзистентност, - рече Артета.

Свој збор имаше и предводникот на „чеканите“ Нуно Еспирито Санто.

- Поради околностите и начинот на кој заврши, сите сме вознемирени. Видете, има судија и ВАР, има околности во минатото кои биле оценувани поинаку. Да не одиме подалеку од тоа. Поради последните сезони, се случуваат [слични инциденти]. Дури и судиите не знаат што е фаул, а што не е фаул, што создава сомнеж.

- Ајде да го погледнеме натпреварот во целина. Одигравме многу добар натпревар. Арсенал е тежок тим. Го загубивме натпреварот, - порача Португалецот.