Шмајхел за одлуката која може ја одлучи трката за титулата во ПЛ: Арсенал никогаш немаше да биде прв ако…

Дерби

11/05/2026

16:05

189

Големина на фонт

а а а

Арсенал излезе како победник од драматичната и исцрпувачка битка со Вест Хем, победа од 1-0 со која широко си ги отвори вратите за освојување на пехарот во Премиер лигата.

Ова беше меч во кој „топчиите“ лесно можеа да останат без бодови или да освојат само еден со што во целост ќе го вратеа Манчестер Сити во трката за првата позиција.

„Чеканите“ промашија зицер на 0-0, потоа гостите дадоа гол, ама домаќините не се предадоа и во судиското продолжение погодија за 1-1, ама потоа дојдовме до нова драма во која ВАР имаше свој збор, го повикна главниот судија да погледне потенцијален прекршок над голманот Раја, па откако Кавана ја прегледа снимката се согласи со колегите и славјето на Арсенал можеше да започне.

Многумина сметаат дека е донесена вистинска одлука, ама легендарниот Питер Шмајхел не се согласува со тоа пред се поради Арсенал, нивниот стил и колку голови тие дадоа при слични ситуации во кампањава.

- Таа одлука едноставно е толку погрешна на толку многу нивоа. Она што навистина ме лути е што Арсенал никогаш нема да биде на врвот на лигата ако тоа е фаул. Така постигнаа толку многу голови со блокирање луѓе, задржување луѓе, правење секакви работи, а потоа стигнуваме до оваа точка… на ВАР му требаат пет минути.

- Дарен Ингланд, главниот за ВАР, (му треба) пет минути. Тој ја гледа симнакат одново и одново. Самото тоа става толку многу сомнеж во таа одлука. Не може да биде фаул, не може. Мислам дека е толку погрешно, едноставно не разбирам зошто одеднаш тоа е слободен удар, бидејќи тоа не било случај за ниту еден тим во текот на целата сезона. Сето ова е едноставно лудо, а таа одлука денес е толку погрешна на толку многу нивоа, - порача Данецот.