Жоао Педро за најтешкиот играч со кој се соочил во оваа сезона: Ме изненади со неговата брзина…

Дерби

11/05/2026

15:55

140

Големина на фонт

а а а

Жоао Педро од минатато лето е дел од англискиот прволигаш Челси во кој има добра сезона и е на чекор да забележи „дабл-дабл“ во сите конкуренции.

Напаѓачот има учинок од 20 гола и 9 асистенции на 48 средби што не е лошо ако се земе предвид како Челси игра и сите турбуленции во натпреварувачката 2025/2026. Бразилецот имаше можност да води битки со доста дефанзивци, но еден е на врвот на неговата листа.

- Најтешкиот дефанзивец против кога играв во оваа сезона? Најдобрите тројца: Вилијан Пачо и Џонатан Та, но Габриел беше најтешкиот за мене. Бев изненаден од неговата брзина, но и му зададов тешкотии! Тој беше инспириран оваа сезона, - рече членот на Челси кој воедно е среќен што го има Габриел за соиграч во националниот тим.

- Имаме одличен однос. Среќен сум што е во мојот тим на Светското првенство, - порача Педро.