Винисиус Жуниор ја носеше капитенската лента на Реал Мадрид на „Ел Класико“, дерби кое ќе остане запаметено по тоа што Барселона ја освои и ја потврди својата 29-та титула во домашното првенство во клупската историја.
Каталонскиот великан го „сомле“ лутиот ривал и можеше да постигне далеку повеќе голови во мрежата на Тибо Куртоа, но ако Белгиецот беше расположен да одржи што е можно поприфатлив резултат за својот тим, капитенот Вини реши да одговара на провокациите од трибините.
Бразилецот не можеше да одолее на провокациите кои доаѓаа од трибините кога стана јасно дека тимот ја губи битката на „Камп Ноу“, па на фановите на Барса во неколку наврати им покажа ист гест.
Винисиус го покажа бројот 1 со левата и бројот 5 со десната рака, алудирајќи на 15-те титули во Лигата на шампиони кои ги има освоено Реал Мадрид.
Барселона е далеку од тој рекорд во Европа, но во Ла Лига се повеќе му се приближува на лутиот ривал кој има 36 титули.
Видеото погледнете го ТУКА.
👀 Vinicius vuelve a repetir el gesto del '15' con las manos en el minuto 69... https://t.co/KcXvuquOom pic.twitter.com/7qjOP9YTcO
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 10, 2026







