Флик со солзи во очите: Никогаш нема да го заборавам овој ден…

Дерби

11/05/2026

16:01

167

Големина на фонт

а а а

Барселона славеше над Реал Мадрид (2-0) и на тој начин и математички ја потврди титулата во Ла Лига, титула број 29. за клубот од „Камп Ноу“.

Барселона во години кога се мачи на финансиски план и се уште не може да се стабилизира успеа да освои два лигашки пехари во низа и тоа под водство на Ханси Флик, Германецот има огроми заслуги за овие резултати, успеси, а и самиот тој се повеќе и повеќе се поврзува со клубот.

Вчерашниот ден не беше лесен за стратегот кој доби вест дека неговиот татко починал, ама одлучи да остане и да ја води екипата.

- Никогаш нема да го заборавам овој момент. Беше тежок ден, татко ми почина, но тука тимот беше фантастичен и сум воодушевен. Дадоа сè од себе. Многу сум горд на моите играчи. Возбудливо е со навивачите, во Класико, како го победуваат Реал Мадрид. Импресивно е. Можете да го видите тоа. Не беше лесно. Сите мислеа дека можеме да победиме, но Реал Мадрид е одличен тим. Игравме и се браневме добро.

- Сакам да им се заблагодарам на тимот, на претседателот, на Јусте и на сите навивачи кои нè поддржуваа. Најважно е што сум многу горд што имам толку добар тим. Ви благодарам за сè. Ви благодарам за таа подготвеност да се борите во секој натпревар. Го ценам тоа многу. Мислам дека треба да славиме. Виска Барса и Виска Каталуња!,  -порача Флик.