Столе Димитриевски испорача уште еден голмански мастерклас во шпанската Ла Лига, а истиот беше клучен за Валенсија да освои многу важни три бода во борбата за опстанок.
„Лилјаците“ успеаја да го освојат „Сан Мамес“ и да запишат тесна победа од 0:1 во Билбао, но иако голот за триумф го постигна Умар Садик, играч на мечот беше македонскиот чувар на мрежата.
Од четирите одбрани кои ги имаше, три беа од светска класа, а особено тоа беше случај во 75-та минута кога Унаи Гомез испрати исклучително тежок удар со глава.
Столе успеа да се испружи колку што е долг и спречи чист гол, исто како што претходно тоа го направи во дуелот со Ињаки Вилијамс во 60-та минута, но и со Гурусета во првото полувреме.
По четирите бода кои ги донесе против Мајорка и Џириона, Димитриевски одбрани уште многу важни три во битката со Атлетик, па Валенсија како клуб ја опиша неговата партија на „Сан Мамес“ со само еден збор.
– СПЕКТАКУЛАРЕН Столе Димитриевски…







