Лазаров избра 20 играчи за баражот со Словачка за пласман на СП

Дерби

08/05/2026

14:55

200

Големина на фонт

а а а

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави списокот на играчи на кои ќе смета за баражот со Словачка за пласман на Светското првенство.

На првиот список на Лазаров имаше 35 повикани ракометари, а на денешниот имаме 20 играчи кои ќе се обидат да ја однесат Македонија на уште едно големо натпреварување.

Од она што е највпечатливо го нема кружниот напаѓач Жарко Пешевски, Васил Гогов добива шанса пред Марко Кизиќ и Иван Галевски, а и овојпат нема место за Филип Талески и Мартин Карапалевски (иако се најдоа на поширокиот список) што значи единствен интернационалец е Мартин Томовски.

Средбите со Словаците се закажани за 14 и 17 мај, првиот собир пак ќе биде на 10 мај од 13:30 часот во хотелот Александар Палас во Скопје.