Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе некое време не го гледаме на терените, ситуација која треба да се промени оваа седмица каде ќе се појави на Мастерсот во Рим.
Ноле е без официјален меч од 12 март кога беше елиминиран од Дрејпер на Индијан Велс, односно може да се каже дека нема соодветна подготовка за тоа што за брзо време следува, вториот грен слем-Ролан Гарос.
Има многу прашања, дилеми околу формата на Ѓоковиќ, но некогашниот американски тенисер Сем Квери е убеден дека сè ќе биде во ред и ќе го видиме најдоброто од Србинот во Париз.
- На Новак не му треба ништо за да постигне голем резултат на Ролан Гарос. Тоа е практично она што го прави во последните две години. Имаше долги периоди на одмор, дури и пред Австралија Опен оваа година. Така е од крајот на минатата сезона. Тој не играше, дури немаше ниту турнир за загревање пред АО, а потоа што направи? Стигна до финалето.
- Мислам дека Новак е веројатно единствениот играч во светот за кого воопшто не е важно што не игра многу натпревари пред грен слем. Верувам дека ќе игра многу добро, - подвлече Квери.







