[ФОТО/ВИДЕО] Шарл Леклер доби нова луксузна јахта: „Рива“ ја лансираше „102′ Corsaro Super“

Точка

08/05/2026

17:19

624

Големина на фонт

а а а

Италијанското бродоградилиште „Рива“, бренд на „Ферети груп“, го најави лансирањето на 20. примерок од својата серија јахти „102′ Corsaro Super“.

Јахтата долга 30,2 метри, која сега го носи името „Sedici“, заплови во објектите на бродоградилиштето во Ла Специја, во присуство на нејзиниот сопственик, Формула 1 возачот – Шарл Леклер.

Леклер, кој повторно ја избра јахта на „Рива“, претходно ја поседувал 25-метарската „Riva 82 Diva‘, „L’As Bleu“ — (ex Sedici) — а сега се вратил во бродоградилиштето за својата најнова новоизградена јахта. Изборот на пловило на Ф1-возачот, „102‘ Corsaro Super“, е спортска флајбриџ јахта, развиена од популарниот модел „100‘ Corsaro“ на бродоградилиштето.


„Officina Italiana Design“ повторно соработуваше со бродоградилиштето на овој модел, во уште едно ексклузивно дизајнерско партнерство што трае повеќе од 30 години, заедно со Стратешкиот комитет за производи на групацијата, предводен од Пјеро Ферари и инженерскиот оддел на „Ферети“.

Моделот се одликува со витка силуета, пространи стаклени површини и беспрекорна поврзаност меѓу внатрешните простори и надворешните палуби.

Според бродоградилиштето, екстериерот на „Sedici“ го одразува личниот вкус на Леклер, кој самиот го избрал мебелот и опремата дизајнирани од „Minotti“, надополнети со декоративни перници од „Jim Thompson“.


Во однос на содржините, флајбриџ-палубата е опремена со отворена кујна наменета за забава, која вклучува специјално изработен бар, голем грил, индукциска плоча, два фрижидери и машина за мраз.

Поблиску до водата, задниот „beach club“ простор се простира на 35 квадратни метри и може да се прошири благодарение на надувлива платформа за водени играчки, која е опремена и со скала за пливање и прилагодена рампа за извлекување.

Внатре, современиот ентериер е исто така персонализиран според вкусот на Ф1-возачот, со мебел и опрема избрани од дизајнерскиот бренд „Poliform“. Бродоградилиштето истакна дека учеството на Леклер во приспособените детали ги опфатило дури и рачките на вратите.

Во главниот салон и во главната спална кабина се инсталирани и аудио/видео системи од „Bang & Olufsen“ за „импресивно мултимедијално искуство“.


Бродоградилиштето посебно ја истакнува бањата во главниот апартман, која е украсена со полиран мермер „Calacatta Vagli Oro“, со цел да се нагласи и отвори просторот, истовремено создавајќи „скулптурален впечаток“. За гостинските бањи и површини, пак, избран е „Corian Calacatta Greige“.

Постелнината, пешкирите за бања, пешкирите за плажа, јорганите и наддушеците се избрани од „Frette“, додека просториите за дружење и јадење се украсени со садови од „Christofle“.

Јахтата ја придвижуваат два мотора MTU 16V 2000 M96L EPA Tier III, кои овозможуваат крстаречка брзина од 24 јазли и максимална брзина од 28 јазли.

Таа е опремена и со напредни решенија за стабилизација, меѓу кои „Hydrotab Interceptor trim tabs#, „Sleipner Vector Fins“ и жироскопски стабилизатори Seakeeper, кои значително го намалуваат нишањето и додека јахтата е закотвена и додека плови.


„Страста на Шарл кон „Рива“, која, секако, е взаемна е доказ за квалитетот и убавината што ги поздравуваме со неизмерна радост“, изјави извршниот директор на „Ферети груп“, Алберто Галаси.

„Ако еден толку извонреден возач и икона на стилот и елеганцијата повторно избира еден од нашите бродови, тоа значи дека „Рива“, а во овој случај величествениот 102′ Corsaro Super, нуди ненадминати стандарди на убавина, удобност за живеење и технологија. Уште еднаш голема благодарност, Шарл, забавувај се и уживај во водата со твојата нова Рива!“, додаде тој.

Според „BOATPro“, „Рива“ има 20 јахти подолги од 24 метри што се нарачани или моментално се во изградба, од кои најголема е нејзината нова 70-метарска предводничка јахта, „Riva 70 Metri“.