Денес мануелните менувачи со шест брзини се вообичаени кај автомобилите, но првиот модел со шест степени на пренос се појавил многу порано отколку што мислат повеќето луѓе.
Првиот автомобил кој практично имал шест брзини бил американскиот „Auburn“ од 1932 година.
Иако користел тростепен менувач, имал посебен систем со висок и низок пренос, па возачот на располагање имал вкупно шест преносни односи.

Сепак, првиот вистински мануелен менувач со шест брзини во сериски автомобил пристигнал дури во 1967 година во моделот „Alfa Romeo 33 Stradale“, пишува „Jalopnik“.
Овој ексклузивен автомобил произлегол од тркачкиот модел „Tipo 33“, а биле произведени само 18 примероци. Го придвижувал 2-литарски V8 мотор со 220 коњски сили.

Кога станува збор за суперавтомобили, пионер на шестстепениот менувач бил „Porsche 959“ од 1983 година.
Интересно е што неговиот прв степен на пренос бил наменет за возење надвор од патишта, па „Porsche“ дури и не го нарекувал „прва“, туку „G“ брзина (од зборот „Gelände“ – off-road).






