Тотенхем се најде на мета на критики поради претставувањето на нова колекција производи со ликот на „Пепа Прасе“ во клупската продавница, токму во момент кога тимот се бори за опстанок во Премиер Лигата.. „Spurs“ се меѓу кандидатите за испаѓање од највисокиот англиски ранг.
Тимот на тренерот Роберто Де Зерби се наоѓа на 18. место на табелата, со два бода заостанување зад зоната за спас и четири натпревари до крајот на сезоната. Клубот и претходно беше критикуван дека повеќе е фокусиран на приходи надвор од теренот отколку на резултатите, а соработката со „Прасето Пепа“ дополнително ги разгневи дел од навивачите, пишува „Daily Mail“.
Колекција „Прасето Пепа“
На официјалната страница на клубот на навивачите им се понудени шест различни артикли со мотиви од популарниот цртан лик, што е најновиот потег во соработката меѓу клубот и детската телевизиска емисија.
Купувачите можат да избираат меѓу четири различни капи, од кои секоја чини 15 фунти, односно 17 евра. Во понудата има зимска капа со логото на „Spurs“ и ликовите на Пепа и нејзиниот брат Џорџ, како и бејзбол капа со натпис „ајде да играме“, на која Џорџ држи навивачки прст со логото на клубот.
Втората верзија на капата е розова, со грбот на „Spurs“ на предната страна и истата порака, а на неа Џорџ во бел дрес со број два удира топка. Достапна е и таканаречена „рибарска капа“, на која се прикажани Пепа и Џорџ во бели дресови со грбот на „Spurs“ меѓу нив, заедно со пораката „ајде да играме“. Понудата ја заокружуваат ранец со истите ликови и клупскиот грб, како и шал на кој Пепа носи дрес на „Spurs“, со амблемот на клубот и споменатиот слоган.
Продолжување на соработката
Ова не е првпат клубот и брендот да соработуваат. Минатиот месец маскотите на Пепа и Џорџ беа присутни на еден натпревар во северен Лондон.
Клубот најави и настан „Tottenham Experience“ на 4 и 16 мај, каде навивачите ќе имаат можност да се сретнат со „Пепа Прасе“.
Потсмев на социјалните мрежи
Навивачите на ривалските клубови брзо ја искористија ситуацијата за да му се потсмеваат на Тотенхем поради оваа комерцијална акција во екот на борбата за прволигашки статус.
„Не грижете се, навивачи на "Spurs". Клубот можеби е на раб на испаѓање, но барем добивте нова соработка со Прасето Пепа“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.
„Се сомневам дека навивачите на "Spurs" ќе бидат воодушевени од ова“, додаде друг. „Им требаат пари. Приходите од ТВ правата во „Championship“ не се ни приближно толку добри“, напиша трет.
Дури и навивачите на „Spurs“ најдоа начин да се пошегуваат на сметка на клубот. „На раб сме од испаѓање. Барем имаме производи со Прасето Пепа со кои можеме да се пофалиме“, напиша еден од нив на платформата „X“. „Луѓе, ние сме на раб на испаѓање“, кратко порача друг.












