На 25 април, во Скопје, се одржа националното Red Bull Gym Clash финале, каде шесте најдобри сали за вежбање во Македонија се натпреваруваа во серија фитнес предизвици, а само една сала обезбеди место на светското финале во Египет.
Минатата сабота, премиерно се одржа Red Bull Gym Clash во Македонија - возбудлив глобален фитнес натпревар во кој учествуваа најдобрите македонски сали за вежбање, претставени од својот најдобар тим од две жени и двајца мажи.
Во борба за место на светското финале во Египет настапија тимовите од Basement, CrossFit Скопје, Nagomy, Фитнес Фабрика, FitHub и X-Fit Битола. Натпреварот беше поделен во три рунди, каде спортистите се натпреваруваа во групи од по два тима:
- Basement и CrossFit Скопје, Nagomy и Фитнес Фабрика & FitHub и X-Fit Битола.

Во серија од три рунди во вкупно 40 минути со кратка пауза од 5 минути меѓу нив, секоја рунда им носеше различен предизвик на тимовите: тестирајќи ја нивната сила, издржливост и вештина, а покрај предизвиците, сите тимови го дадоа својот максимум во трите сегменти од натпреварот.
Атмосферата во текот на целиот натпревар беше неверојатна, а посебна улога имаше и публиката, која со нивната гласна поддршка и непрестано бодрење, им даваше дополнителен стимул на тимовите во клучните моменти да го извлечат максимумот од секој предизвик.

По трите рунди, тимот што имаше најдобри резултати и покажа конзистентност во сите сегменти од натпреварот, беше FitHub. Со силен тимски настап, одлична координација и најдобри резултати во сите три категории, го обезбедија првото место и пласман на светското финале во Египет.
На натпреварот беше присутен и Лука Џукиќ, кој за националното финале и победничкиот тим изјави: “Тимот на FitHub беше многу импресивен! Беа први во сите три категории - е тоа е навистина импресивно. Исто така беше неверојатно да се гледаат сите тимови, баш се осеќаше нивниот адреналин, нивната енергија и беше супер борба! Чест ми е што бев дел од организацијата и едвај чекам да ги гледам FitHub во Египет!”

Тимот на FitHub, во состав од Вики Петроска, Моника Костовска, Борче Глафче и Петар Дешлиевски, доминираше во текот на целиот натпреварот, со нивната спремност, дисциплина и силна тимска синхронизација, што им овозможи да се издвојат во конкуренција на шест исклучително силни тимови.
Жарко Батиќ, како интегрален дел од организацијата на Red Bull Gym Clash, изјави: “Како некој што бил дел од организација на повеќе од 10 натпревари од ваков тип, можам да кажам дека ова е најдобриот натпревар на којшто сум бил досега.

Сè помина како подмачкано, а најважно за мене беше да се спроведат стандардите на движењата, сите да бидат безбедни и да се почитува распоредот. Секоја чест за победничкиот тим FitHub, спроведоа одлична тактика, беа одлично синхронизирани и заслужено ќе нè претставуваат на светското финале."
Еден од највпечатливите моменти на натпреварот дојде од тимот на X-Fit Битола, каде еден од натпреварувачите успешно направи неверојатен 3 Rep Max Back Squat со 167.5 килограми, поставувајќи нов рекорд за сила во рамки на националното Red Bull Gym Clash финале.
Следна станица е светското финале во Египет, каде FitHub ќе ја претставува Македонија на глобалната Red Bull Gym Clash сцена меѓу најдобрите екипи од 29 земји, со јасна цел: да се освои титулата најдобра сала за вежбање во светот!





















