ПСЖ со предност ќе патува на реваншот со Баерн во Минхен, а тренерот Луис Енрике го дели впечатокот на голем број фудбалски фанови дека вчерашниот натпревар бил еден од најдобрите во историјата на европската фудбалска сцена.
Деветте гола и триумфот на актуелниот европски шампион го воодушевиле и трофејниот шпански стручњак, кој по натпреварот истакнал и што очекува дека ќе се случува во Германија.
– Ова дефинитивно беше најдобриот натпревар на кој сум водел екипа во мојата тренерска кариера.
– Интензитетот на целиот натпревар беше фантастичен, задоволен сум што победивме, но искрено на 5:2 очекував дека ќе имаме подобар резултат.
– Зборував со моите асистенти и се сложивме дека мора да постигнеме барем три гола во Минхен за да се надеваме на финале, – рекол Луис Енрике.







