Мурињо: Ставот дека стилот на игра е поважен од резултатите е најголемата лага во фудбалот

Дерби

29/04/2026

16:42

136

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо периодов се почесто се поврзува со враќање во редовите на Реал Мадрид, но во меѓувреме реализирал интервју со „Газета дело Спорт“, во кое говорел за неговото искуство на италијанската фудбалска сцена.

Поранешниот тренер на Интер и Рома истакнал дека никогаш не бил во подобро опкружување од сезоните минати на клупата на „волчицата“.

– За мене лично, тоа беше најдоброто место на кое сум бил во кариерата. Никогаш не сум почувствувал подобро фудбалско опкружување, а „Олимпико“ беше полн на сите натпревари.

– Мојот проект во Рома е завршен и не сакам да зборувам ништо повеќе за тоа, туку само да напоменам дека фановите се најмалку виновни што екипата не освојува трофеи, – рекол Португалецот.

Мурињо го коментирал и успехот на неговиот поранешен играч Кристијан Киву, кој веројатно многу брзо ќе ја освои титулата со Интер.

– Среќен сум што Киву ќе освои скудето, иако додека му бев тренер, не можев да предвидам дека ќе стане добар тренер.

– Не беше предодреден за професијата, но беше паметен, учел и собирал искуство, за разлика од многумина кои добиваат функции само затоа што знаат да се „продадат“. И да бидеме искрени, ставот дека стилот на игра е поважен од резултатите е најголемата фудбалска лага, – потенцирал Мурињо.