Баерн Минхен се извлече од тешката ситуација во Париз и со два гола се избори за минимална негатива во пресрет на реваншот од полуфиналниот двомеч со ПСЖ во Лигата на шампионите.
Тренерот Венсан Компани по натпреварот истакнал дека начинот на кој неговите фудбалери одиграа на гостувањето во Франција го прави оптимист за вториот дуел, на кој Баерн ќе има и сериозна поддршка од домашните фанови.
– Ќе беше подобро ако бев покрај теренот, веројатно ќе можев да помогнам повеќе, но секако стручниот штаб одлично го подготви овој натпревар.
– Имавме проблеми, но бевме и опасни. Да постигнеш толку голови на гостински терен вообичаено значи дека одиш понатаму, но во случајов начинот на кој создававме шанси и колку бевме опасни ме прават оптимист за реваншот.
– Тешко е да се вратиш по негатива 5:2 ако немаш игра, а ние покажавме дека сме способни за такво нешто. Сега ќе го имаме и тој притисок кој ќе го создадат 75.000 навивачи во Минхен, „Алијанц Арена“ е место каде може да се случат многу работи, – рекол Компани.







