Нојер постави антирекорд во Париз, фановите на Баерн лути поради сцената со собирачот на топки

Дерби

29/04/2026

16:40

262

Големина на фонт

а а а

Мануел Нојер вчера не направи некоја сериозна грешка на дуелот меѓу ПСЖ и Баерн Минхен, но ефикасноста на домаќините му донесоа анти-рекорд.

Германскиот голман стана првиот во последните 16 сезони од нокаут фазата на ЛШ, кој примил пет гола без да има ниту една одбрана за време на средбата.

Сепак, Баерн има само гол негатива во пресрет на реваншот, па статистичкиот показател поврзан со Нојер не мора да има негативен ефект врз конечниот епилог.

Истовремено, фановите на бундеслигашот денеска се лути поради видеото на кое се гледа како еден од собирачите на топки во Париз одбива да му ја даде топката на Нојер, нешто што се смета за големо непочитување и прекршување на фер плеј правилата кои треба да ги почитуваат децата околу теренот.