Десаи за потенцијалното засилување за Барселона: Ако сакате да го споредите со Малдини…

Дерби

16/04/2026

12:24

260

Големина на фонт

а а а

Марсел Десаи е легендарно француско име, ас кој низ кариерата играше за големи клубови како Милан, Челси, Олимпик Марсеј, ас кој беше дел од славната генерација на „триколовите“ која го освои Европското и Светското првенство во 1998 и 2002 година како и Купот на конфедерации.

Десаи важеше за цврст дефанзивец кој знаеше да одигра и како последен играч за врска, па со оглед на знаењето, искуство, неговиот збор тежи кога се во прашање одбранбените играчи. Тој имаше можност да зборува за Алесандро Бастони, ѕвездата на Интер и италијанската репрезентација која во последно време се поврзува со трансфер во Барселона.

-Мислам дека е конзистентен, мислам дека е во Интер околу седум сезони и добро се снаоѓа без разлика кој е тренер. Не мислам дека е врвен лидер, но како што рековте, тој е играч кој знае како да се прилагоди на системот. Ова е неговата граница. Тој му помогна на Интер веројатно да ја освои лигата оваа сезона со својата доследност и разбирање како да ја чита играта. Но, мислам дека границата е тука, на меѓународно ниво, тоа е тоа. Тие не играат на истиот систем.

-Тој успеа повторно да се адаптира со Гатузо. Тој е на левата страна, ако сакате да го споредите со Малдини, но тој не е ни половина од Малдини. Но, тој е тоа што е, -вели Марсел и додава:

-Да, мислам дека е добро искуство да се усогласиш со твоето ниво. Исто како и Леао, не го познавам неговиот победнички менталитет. Тој е дефанзивец, не е креативен играч. Но, можеби може да го подигне нивото за да го разбере и да се прилагоди на нивото на Барселона каде што им е потребен силен дефанзивен став.

-Можете да ја видите Барселона, на секоја позиција се едноставно неверојатни, но се слаби во одбраната и затоа не ја освојуваат Лигата на шампионите. Значи, тој би можел да биде играчот што ќе ја донесе таа конзистентност и таа сила во дефанзивниот блок за да ја однесе Барселона на друго ниво. Бидејќи дефинитивно им требаат одбранбени лидери во тимот, -порача Десаии.