Симеоне за најдобриот играч на Атлетико: Знае што прави, претпоставувам…

Дерби

26/05/2026

11:15

173

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид две сезони во низа вложи доста пари за засилувања, меѓутоа тоа на крајот не донесе резултат или поточно не беше освоена ниту една титула.

Останува да се види како ова ќе влијае врз клубот и какви активности истиот ќе направи во престојниот летен преоден рок во кој може да остане без најдобриот играч Хулијан Алварес.

Аргентинецот има договор до 2030 година, но последните информации велат дека напаѓачот е подготвен за промена и заминување од „Метрополитано“ по две години. Барселона, Пари Сен Жермен, Арсенал се само дел од заинтересираните екипи за неговиот потпис, а дека Атлетико може да остане без ѕвездата потврди и тренерот Диего Симеоне и тоа меѓу редови.

-Тоа не е прашање за мене, туку за Хулијан. Тој е доволно возрасен за да знае што ќе прави и претпоставувам дека веќе ја донел својата одлука, - порача Чоло.

„Пајакот“ во последнава кампања забележа учинок од 20 гола и 9 асистенции во сите конкуренции.