Човек на одлука: Елези донесе победа за Сараево во големото дерби во БиХ

Макфакс

26/05/2026

07:38

273

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Агон Елези донесе победа на Сараево над Железничар во големото дерби во последното коло во Босна и Херцеговина.

Ова беше меч кој немаше резултатско значање за двете екипи, но овие средби секогаш се посебни, носат тензија, борба за престиж, покажување дека сте подобри од лутиот ривал и овојпат нашиот Елези беше човек на одлука.

Се играше завршницата на првиот дел кога Агон се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата на гостите за водство од 1-0, резултат кој на крајот се покажа и како конечен.


Ова за офанзивецот кој го понесе признанието за најкорисен играч беше деветти сезонски погодок.

Инаку за домашниот тим целиот меч го одигра дефанзивецот Стефан Ристовски.