Кошаркарите на Њујорк Никс се пласираа во финалето на НБА лигата и тоа откако експресно го решија Кливленд Кавалирс во битката за најдобрите екипи на Истокот за оваа сезона.
Никси ја добија серијата со 4-0, а последниот меч кој се одигра во Охајо со 130:93. Ова беше втора „метла“ во низа за составот од „Медисон Сквер Гарден“ кој претходно си поигра со Филаделфија Севентисиксерс, поточно ќе го дочека финалето со единаесет триумфи во низа во плејофот што носи огромна самодоверба без разлика дали на другата страна ќе биде Оклахома Сити Тандер или Сан Антонио Спарс.
Ова за Њујорк е прв влез во битката за титулата од 1999 година (Сан Антонио Спарс), односно од последната освоена титула во 1973 година имаат играно само во уште едно финале против Хјустон Рокетс во 1994 година.
Гостите тимски го добија четвртиот меч во кој дури шестмина играчи беа двоцифрени, ама никој не ја надмина бројката од 19 поени. Мичел постигна 31 кош за Кавси, меѓутоа немаше соодветна поддршка од соиграчите.
Признанието МВП во ова конференциско финале му припадна на Џејлен Брансон.
New York Knicks guard Jalen Brunson is the recipient of the Larry Bird Trophy as the Most Valuable Player of the 2026 Eastern Conference Finals. pic.twitter.com/MsLPgQ5Ljd
— NBA Communications (@NBAPR) May 26, 2026







