Некогашниот англиски напаѓач, Трој Дини го избра најдобриот тим на сезоната во Премиер лигата, поточно единаесетте играчи кои според него ја одбележаа натпреварувачката 2025/2026.
Дини се одлучи за формација 4-3-3 во која има имиња кои едноставно мора да се најде меѓу најдобрите поради се што направија, ама има и некои интересни одлуки.
На голот сосема оечкувано е Раја, Габриел и Салиба се стопери, О’Рајли е лев бек, додека занимливо на другата страна го избра Кајоде од редовите на Брентфорд.
Собослаи, Фернадеш и Рајс се на средината на теренот, додека во нападот Дини му даде предност на Игор Тиаго пред најдобриот стрелец во лигата Халанд.
Поддршка за Бразилецот се Семењо и Боувен.







