[ВИДЕО] Катастрофа за „волците“: Волфсбург за првпат во својата историја испадна од Бундеслигата

Дерби

26/05/2026

07:16

459

Големина на фонт

а а а

Поранешниот германски шампион Волфсбург за првпат во својата историја испадна од Бундеслигата и тоа откако ја загуби бараж битката со Падерборн.

„Волците“ доминираа на првиот меч, меѓутоа шансите не ги искористија и со 0-0 влегоа во реваншот на теренот на противникот.

Гостите имаат добар старт и поведоа со голот на Пејчиновиќ во 3 минута, меѓутоа веќе во 14 се случи клучниот момент кога Меле заработи втор жолт картон и од тука започнаа проблемите за досегашниот бундеслигаш.

Имено домаќините постигнаа погодок преку Билбија во 38 минута за 1-1, резултат кој остана непроменет до самиот крај. Се играа продолженија во кои Падерборн се избори за гол благодарение на Курда и со 2-1 дојде до славје кое значи дека се враќаат во елитната германска конкуренција по пауза од шест години.