„АС“: Реал ќе врати голема легенда на клубот во пресрет на новата сезона

Макфакс

12/04/2026

16:05

177

Големина на фонт

а а а

Тони Крос остави белег како играч на Реал Мадрид и испиша незаборавни моменти носејќи го белиот дрес, па иако поминаа речиси две години од неговиот последен настап за првиот тим, спомените се се уште многу свежи од неговите брилијантни партии.

Германецот остана доста актуелен во јавноста по крајот на кариерата и стана дел од неколку фудбалски проекти, но како што пренесува „АС“, Реал Мадрид веќе го има испланирано неговото враќање во клубот.

Угледниот мадридски медиум денеска излезе со ексклузива дека Крос ќе се врати во Реал Мадрид на стартот на летото, и тоа со важна улога во спорскиот оддел на клубот.

Иако не се одредени детали за тоа каква точна улога ќе му биде доделена, „АС“ тврди дека водечките луѓе во клубот веќе добиле „амин“ од Германецот за нова соработка, па сега во наредните два месеци ќе преостане само да се „испеглаат“ деталите.

Според важните луѓе во клубот, присуствотот на Крос во Валдебебас треба да донесе многу корисни информации за стручниот штаб и играчите од првиот тим на Реал, особено за оние кои играат на позцииите во средниот ред.

Реал Мадрид како клуб не донесе замена за Крос и не ја пополни празнината која ја остави на теренот, но две години подоцна, Германецот е решен да се врати во саканиот клуб и да помогне во развојот на спортскиот проект со директорска функција.