Реал Мадрид влезе во непосакуван резултатски ритам и новиот кикс против Џирона направи Барселона да отиде на „плус девет“, разлика која изгледа недостижна на седум рунди до крајот во Ла Лига.
Каталонскиот гигант изгледа непогрешливо на домашна сцена во овој момент и успеа да ги искористи сите последни киксови на Реал, па додека во Барселона веќе се размислува на титулата, во Мадрид се мисли за тоа како може да се спаси сезоната.
Во ситуација кога тимот претрпе нов сериозен удар во Примера, преостанува да се прави пресврт во Минхен за да се остане жив во Лигата на шампиони, па затоа Флорентино Перез почувствува потреба да им испрати порака на играчите и навивачите на Реал пред клучната недела која следи.
– Тука никој не се предава никогаш. Добро знаете дека ќе продолжиме да работиме напорно за да се бориме за најважните титули кои постојат.
– Исто така, барам никој да не заборави на самодисциплината. Во молам да се ценат работите кои се остварени и да бидеме свесни за тоа колку е тешко да се освои било која титула, – изјави Перез за новиот расплет во Ла Лига, но и мислејќи на реваншот со Баерн во четвртфиналето.








