Десаи има трансфер предлог за Челси: Тој е многу добар и паметен играч…

Дерби

13/04/2026

10:36

214

Големина на фонт

а а а

Марсел Десаи низ кариерата настапуваше низ повеќе земји, а една од нив беше и Англија каде го носеше дресот на Челси во периодот од 1998 до 2004 година.

Низ тие години беше дел од екипата која освои титули во Комјунити Шилд, ФА Купот, Супер Купот на УЕФА што секако е за почит затоа што во тоа време некои други клубови беа во далеку подобра позиција од „сините“.

Челси во тековнава сезона како да се изгуби особено по одлуката да го смени тренерот Енцо Мареска и тоа само неколку месеци откако на клубот му донесе пехари во Конференциската лига и Светското клупско првенство. Останува да се види како премиерлигашот ќе ја комплетира кампањата, но и за какви потези ќе се реши во летниот преоден рок.

Десаи има еден трансфер предлог, а тоа е ангажман на напаѓачот Дарвин Нуњез кој во моментов е во Ал Хилал.

-Мило ми е што гледам дека сака да се врати во европскиот фудбал – тоа покажува дека парите не се сè. Клуб како Челзи или новиот Манчестер Јунајтед би бил најдобар за него. Треба да биде опкружен со етаблирани, самоуверени играчи кои знаат дека ќе играат секој викенд и кои ќе му ја дадат топката во првиот обид. Тоа е малиот детаљ – кога ќе тргне да трча, треба веднаш да ја добие топката. Инаку брзо ја губи самодовербата.

-Всушност, би го препорачал Њуњез за Челзи. Тој е многу добар играч, паметен играч – само му треба вистинската средина за да игра. Кога Ливерпул го идентификуваше неговиот потенцијал, тие знаеја што имаат статистички. Но, кога лошо ќе почнете, самодовербата исчезнува и следува вниманието од оние околу вас.

-Тоа е како Денис Бергкамп да оди во Интер Милано – работите тргнаа сосема наопаку. Или Роберто Карлос во неговите рани денови, шутирајќи ја топката кон трибините. Немаше самодоверба. Тоа му се случи на Њуњез во Ливерпул. Но, квалитетот е сè уште тука, -порача Французинот.