Интер дојде блиску до титула, Киву ги дочека своите „пет секунди“ и елегантно ги „поздрави“ Алегри и Конте

Дерби

13/04/2026

10:16

159

Големина на фонт

а а а

Интер покажа карактер на гостувањето кај Комо и доби натпревар кој беше апсолутно интересен и возбудлив за гледање, без оглед на тоа што гостите од Милано не изгледаа воопшто добро цели 45 минути.

Комо водеше со 2:0 и изгледаше како тим кој е далеку подобар на теренот, но погодокот на Тирам во 46-та минута го сврте моментумот и Интер излезе како поинаков тим во вториот дел.

Лидерот во Серија А направи целосен пресврт и на крајот славеше со 3:4, а овој триумф многу веројатно е и дефинитивен во трката за Скудетото.

Интер сега има чисти плус девет пред второпласираниот Наполи кој киксираше со Парма, односно 12 во однос на градскиот ривал Милан.

Антонио Конте и Макс Алегри цела сезона повторуваат дека Наполи и Милан се борат за топ четири пласман и дека Скудетото не е нивна тема на разговор, па откако Интер отиде на плус девет, Киву ги дочека своите секунди и реши да ги „поздрави“ колегите кои форсираат „лажна скромност“.

– Дали е решена битката за титулата? Ќе го правам тоа што го правам моите двајца колеги кои зборуваат само дека нивна цел е пласман во Лигата на шампиони. Ние сега сме многу блиску до таа цел. Математички се уште не сме обезбедиле Лига на шампиони, – изјави Киву.