Флик за големиот предизвик: Мора да го направиме невозможното-возможно

Дерби

03/03/2026

11:24

173

Големина на фонт

а а а

Барселона е домаќин на Атлетико Мадрид во вториот натпревар од полуфиналето на Копа Дел Реј, средба која бранителот на трофејот ќе ја започне со негатива од 4-0.

Каталонците одиграа катастрофално во првото соочување и претрпеа пораз кој сега им остава минимални шанси да место во наредната фаза, но домаќините нема да се предадат без борба и ќе се обидат да направат чудо на „Камп Ноу“.

- Сите знаат што нè очекува. Заостануваме четири гола и мора да го направиме невозможното можно. Тоа е нашата цел. Знаеме дека нема да биде лесно, но нема да се откажеме. Важно е да не примиме гол и мора да веруваме дека можеме да го направиме тоа, - вели Ханси Флик.

- Секогаш е подобро прво да се размислува за првиот гол. Мора да бидеме паметни. Ќе бидеме гладни за да го постигнеме, а јас сакам да го видам тој глад. Видовме сосема поинаков тим на последниот натпревар, многу интензитет во играта. Мора да играме заедно, како тим. Тоа е клучот. Секогаш сакаме да играме во наш стил. Размислувавме за сè што може да се случи и да ни даде предност. Игравме многу добро, исто така против Виљареал, одличен противник. Но, мора да играме како група, со и без топка. Мора да вршиме притисок врз нив и да ги добиваме дуелите еден на еден. Особено за да избегнеме губење на поседот против тимови кои прават такви транзиции, -додаде Германецот и на крајот порача:

- Секогаш мора да веруваш, секако. Сите навивачи на стадионот ќе нè поддржат. Имаме добар пример, против Дортмунд. Ќе постигнеме по два гола во секое полувреме. Знаеме дека е тешко бидејќи противникот е фантастичен и многу нè повредија во последниот натпревар, но мислам дека можеме да го направиме тоа. За мене е важно секој што сака да нè поддржува да може да го стори тоа за време на натпреварот. Треба да воспоставиме совршена врска помеѓу тимот и навивачите. Тоа ни се допаѓа, - заклучи стратегот.

Средбата Барселона-Атлетико е закажана за вечерва од 21 часот.