Две мајстории на Меси, Интер Мајами со голем пресврт го доби дербито со Орландо Сити

Дерби

02/03/2026

12:57

212

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер Мајами ја забележа првата сезонска победа во МЛС лигата и тоа во соседското дерби против Орландо Сити.

Гостите беа во многу тешка, незгодна позиција по првото полувреме кое го загубија со 2-0 со головите на Пашалиќ и Охеда. Меѓутоа веќе на стартот на вториот дел избраниците на Маскерано се вратија во игра со прекрасниот гол на нововлезениот Силвети.

Од тука почна неверојатниот кам-бек, Меси стапи на сцена и до крајот даде два мајсторски погодоци, плус во листата на стрелци се запиша и Сеговија за конечни 4-2.

И во третото коло Интер игра на гостински терен и тоа против Ди-Си Јунајтед.