Арсенал успеа да го добие соочувањето со Челси (2-1) и одново да отиде на плус пет во однос на второпласираниот Манчестер Сити со тоа што мора да се потенцира дека лидерот на табелата има одиграно меч повеќе од тимот што го предводи Пеп Гвардиола.
Сите погодоци беа дело на дефанзивеците на Арсенал, Салиба и Тимбер погодија на вистинската страна, Инкапие пак го матираше Раја.
Легендата на Арсенал, Иан Рајт е среќен поради трите освоени бода, но е загрижен поради една работа која и се повторува на екипата, падот во вториот дел на натпреварите, односно тоа што му дозволува на противникот да се размавне, па така тимот во последно време загуби бодови со Вулверхемптон, Брентфорд, а Челси успеваше да им направи проблеми и со десетмина на теренот.
- Челси, откако останаа со 10 играчи, почна да игра. Беше загрижувачки. Арсенал покажува нервоза, нервоза во последните фази од натпреварите, па затоа треба да ги искористат можностите порано за да можат да се опуштат во оваа фаза. Тие мора само да победуваат сега, особено на домашните натпревари. Тоа нема да биде нешто што ќе ви влее многу самодоверба, но тоа е победа.
- Гледаме дека во втората половина од натпреварите може да дојдете до Арсенал. Челзи имаше 10 играчи, би било убаво да се дознае што се случува со Арсенал во второто полувреме. Се сведува на „ја заврши работата“, среќен сум што работата е завршена, но ќе бидам нервозен за следниот натпревар бидејќи тоа повторно го гледам во второто полувреме, - истакна напаѓачот.






